Џуниор Свит Премиум
со поглед кон кањонот
Нашите Џуниор Свит Премиум соби со поглед кон кањонот се создадени за гостите кои сакаат повеќе простор, повеќе удобност и посебно доживување на природата што ја опкружува Аурора.
Повеќе простор. Повеќе комфор.
Со поглед кон кањонот.
На горниот меѓукат се наоѓа спалната соба со пространо King Size брачно легло, дискретно одвоена со параван, додека во долниот дел ве очекува удобен дневен престој со директен излез кон балкон.
Она што ги прави овие соби посебни е погледот кон кањонот, природна панорама која се открива пред вас и внесува чувство на простор, мир и поврзаност со Малешевската природа.








Поглед кој не се затвора со четири ѕида.
Утрото започнува со поглед кон зеленилото, денот продолжува во удобноста на вашиот приватен простор, а вечерите носат тишина и пејзаж кој секогаш изгледа поинаку.
Совршен избор за парови, млади семејства и сите оние кои сакаат хотелскиот комфор да го надополнат со нешто навистина посебно поглед кој не се затвора со четири ѕида.
Карактеристики
- Поглед кон кањонот
- 32 inch Samsung LCD TV (со сателитски канали)
- Бесплатен WiFi интернет
- Целосно опремена бања со туш.
- King Size брачен кревет
- Петосед
- Фен за коса
- Домашен телефон
- Минибар (дополнителна доплата)
- Апарати за подготовка на чај и кафе
- Сигурносен сеф (бесплатно)
- Балкон






