Исполнете го престојот со прошетки, дружење и рекреација во природниот амбиент на Аурора.
Рекреативно пешачење
со чекор поблиску до природата
Откријте ја убавината на Малешевијата
Забавете го темпото и уживајте во прошетка низ зеленилото околу ресортот. Свежиот планински воздух, шумските предели и погледите кон Беровското Езеро се прекрасна причина да излезете на отворено и да одвоите време за себе.
Мини зоолошка градина
мали средби, големи насмевки
Доживување за целото семејство
Запознајте ги жителите на нашата мини зоолошка градина и споделете моменти на љубопитност и радост со најмалите. Пријатна пауза во текот на денот, која го прави семејниот престој во Аурора уште поинтересен.
Детско катче
за незаборавни авантури
Моменти на среќа и насмевки за нјамалите
Во срцето на нашата голема зелена полјана, најмалите гости уживаат во безбедна и инспиративна средина исполнета со лизгалки, лулјашки, лавиринт и многу простор за игра, трчање и безгрижна смеа.
Јавање на коњ
доживејте уникатно искуство
Почуствувајте ја природата на еден поинаков начин
Jавањето коњи е дел од понудата за активен одмор во Аурора Ресорт & Спа. Во природниот амбиент на Малешевијата, ова доживување спојува време на отворено, средба со коњите и уживање во поинакво темпо. Дополнете го престојот со активност што ќе ви ја приближи природата и ќе му даде нова приказна на вашиот одмор.
Пинг понг
време за игра и дружење
Пријателски натпревар, убави моменти
Предизвикајте ги пријателите или семејството на партија пинг-понг. Без разлика дали играте за поени или само за забава, ова е одличен начин да се раздвижите и да поминете квалитетно време заедно.
Велосипедизам
истражувајте на две тркала
Слобода на две тркала
Доживејте ја околината на Берово од поинаква перспектива. Возењето велосипед ги спојува рекреацијата, свежиот воздух и уживањето во природата. Одберете темпо што ви одговара и претворете го денот во мало истражување на Малешевијата.
Вашата следна авантура
нека започне со нас!
Додадете доживување со коњи во вашиот престој во Аурора Ресорт & Спа. Контактирајте го нашиот тим за достапни термини и услови за учество. Кажете ни го вашето искуство со јавање за да ви помогнеме да го изберете соодветното доживување.