Место каде детската
радост нема граници.
Во срцето на нашата голема зелена полјана, најмалите гости уживаат во безбедна и инспиративна средина со лизгалки, лулјашки, лавиринт и многу простор за игра, трчање и безгрижна смеа.
Tопло и весело катче
создадено за нови пријателства
Kога времето повикува на моменти во затворен простор, забавата продолжува во нашата внатрешна игротека – топло и весело катче создадено за нови пријателства, креативна игра и незаборавни детски спомени.
Додека децата ја живеат својата мала авантура, родителите можат мирно да уживаат во убавините на природата и атмосферата на Аурора.
Затоа што најубавите семејни одмори се оние исполнети со детска смеа.





Нашите најмали гости ги
очекува незаборавна авантура
Дојдете со вашите деца во Аурора Ресорт & Спа и уживајте во заедничките моменти. Со детско катче за игра и забава, семејниот одмор е уште поубав.