Некои љубовни приказни заслужуваат да бидат раскажани таму каде што и природата ќе прошепоти „ДА “.
Вашата љубовна приказна
во срцето на планината
Во срцето на планината, каде што мирисот на бор се меша со звукот на езерото, се наоѓа Аурора Ресорт и Спа, место каде што соништата за совршена свадба стануваат реалност.
Ние не сме само хотел. Ние сме приказна од светлина, музика и љубов, ткаена во секој детал од првиот чекор на вашите гости, до последниот блесок на шампањот. Вашата свадба тука не е само прослава, туку целосно доживување, бајковит викенд што го спојува луксузот, природата и топлината на заедништвото.
Целиот ресорт,
само за вас
За да создадеме совршенство, Аурора Ресорт и Спа ви го нуди местото, комплетно само за вас. Целиот сместувачки капацитет станува ваш дом, ваш свет, каде што секој агол дише љубов и елеганција.
Дводневна свадбена приказна
во срцето на планината
Свадбената ноќ се претвора во дводневна приказна регистрација, коктел, свечена вечера со свадбена прослава на отворено, “After party” покрај базен, овозможено ноќевања во 29 сместувачки капацитети со вкупно 107 легла и утрински моменти полни со насмевки и спомени.
Следното утро, се будите заедно со најблиските. Сонцето нежно го осветлува езерото, а мирисот на свежо кафе и енергетски појадок ве повикува да го продолжите славјето во мирот на природата. Тука, времето забавува, за љубовта да трае вечно.
Признание за
свадбена магија
Наша особена гордост е престижната награда за „Најдобар планински ресорт за свадби на Балканот“, доделена на свеченоста на “Balkan Awards” во Софија, признание што само ја потврдува нашата посветеност кон совршенството, деталот и емоцијата.
Резервирајте ја вашата
свадба од соништата
Тука, каде што небото ја бакнува планината, вашата љубов станува вечна. Секоja венчавка кај нас е создадена со душа, визија и искрена желба да остане во срцата на присутните.





