Оставете го секојдневието зад себе и доживејте ја природата на поинаков начин. Јавањето коњи во Аурора Ресорт & Спа внесува допир на авантура во вашиот одмор и создава моменти што се паметат.
Доживејте незаборавни
искуства на Малешевијата
Јавањето коњи е дел од понудата за активен одмор во Аурора Ресорт & Спа. Во природниот амбиент на Малешевијата, ова доживување спојува време на отворено, средба со коњите и уживање во поинакво темпо. Дополнете го престојот со активност што ќе ви ја приближи природата и ќе му даде нова приказна на вашиот одмор.
Јавање на коњ
искуство кое долго се памети!
Понекогаш, најубавиот дел од одморот е нешто што го доживувате за првпат. Запознајте ги коњите и внесете ново искуство во вашиот престој. Без разлика дали ве привлекува првата средба со овие животни или веќе го сакате јавањето, обратете се кај нашиот тим за да дознаете која можност е соодветна за вас.
Mоменти на отворено и спомени од Малешевијата. Погледнете дел од атмосферата и пронајдете инспирација за вашето следно доживување во Аурора Ресорт & Спа.







Вашата следна авантура
започнува тука
Времетраење и цени
| 15 минути | 500 МКД |
| 30 минути | 1.000 МКД |
| 45 минути | 1.500 МКД |
| 60 минути | 2.000 МКД |