Берово: --°C
Мали средби
големи насмевки

Откријте ја мини зоолошката градина. Дополнете го вашиот одмор со прошетка и запознавање со животинскиот свет, во природниот амбиент на ресортот.

Поблиску до животните

во срцето на природата

Средбите со елените и зајачињата се меѓу доживувањата што гостите ги издвојуваат од посетата на нашата мини зоолошка градина. За најмладите, тоа е можност да откријат нешто ново, да ги набљудуваат животните и да ја разбудат својата љубопитност за природата. За целото семејство  време за дружење и спомени што ќе ги понесете дома.

Радост за децата
моменти за сите

Подарете им на најмладите време за истражување и нови откритија. Прошетката низ мини зоолошката градина е можност заедно да ги набљудувате животните, да разговарате за нивниот свет и да уживате во едноставните радости на семејниот одмор.

Љубопитни погледи, спонтани насмевки и средби што се паметат. Погледнете дел од атмосферата во нашата мини зоолошка градина и пронајдете инспирација за вашата следна семејна посета на Аурора Ресорт & Спа.

Испланирајте ја вашата

мала семејна авантура

Збогатете го вашиот престој во Аурора Ресорт & Спа со посета на мини зоолошката градина. Контактирајте го нашиот тим за информации за посетата и уживајте во ден исполнет со природа, откривање и семејни насмевки.