Селекција од автентични традиционални ноти и внимателно одбрани интернационални деликатеси создадени за вистинско гастрономско уживање.
Кулинарна магија
спој на искуство и традиција
Внимателно составени менија со
одбрани вкусови за секоја прилика
Интернационален Арт Ресторан
автентичност и квалитет
Квалитетно свежо месо од нашата сопствена фарма
Нашиот интернационален АРТ ресторан е место каде традиционалните вкусови добиваат современ израз, а секој специјалитет носи инспирација од светската гурманска сцена.
Селекција од автентични традиционални ноти и внимателно одбрани интернационални деликатеси создадени за вистинско гастрономско уживање.
Богата понуда на квалитетно национално вино и свежо телешко и свинско месо од нашата сопствена фарма.
Лоби Бар
место за релакцаија и разговор
Пријатено место за
дружење и опуштање
Топла и пријатна атмосфера за утринско кафе, попладневен чај или вечерен коктел. Совршено за неформални средби и уживање во мирен амбиент.
Фурна Бар
релаксирана атмосфера
Панорамски поглед, и lounge атмосфера
Mесто каде панорамскиот поглед, lounge атмосферата и добрата енергија создаваат моменти што траат.
Коктели, точено пиво или квалитетно вино, вашите омилени спортски натпревари на екран, билјард и релаксирана атмосфера за секое друштво.
Место за уживање, разговори и вечери исполнети со стил.
Повелете!
Pool Bar
Освежување покрај базенот
Коктели и освежување под сонцето
Идеално место за ладен пијалак или лесна закуска под сонцето. Уживајте во опуштена атмосфера со поглед кон бесконечна природа, додека нежниот летен ветар и звуците на водата ви создаваат чувство на совршен одмор.
Garden Bar
Помеѓу живописната приорада
Мирис и вкус на Македонска храна
Опкружен со зеленило и свежиот планински воздух, Garden Bar е нашето место за опуштено дневно уживање – идеално за утринско кафе, освежителен пијалак или коктел во пријатна атмосфера под отворено небо.
Во текот на летната сезона, Garden Bar станува и нашата омилена BBQ & Picnic дестинација. Во рамки на летните пакети, гостите можат да уживаат во богата шведска маса со свежи салати, ладни и топли предјадења, скара подготвена во живо, избор на десерти и свежо овошје.